Се преврте автобус со туристи- едно лице загина, петмина се повредени
Руска туристка загина, а петмина руски државјани се повредени во несреќа во турскиот округ Анталија, јави ИТАР-ТАСС.

Несреќата се случила изутринава околу 11 часот по локално време во реонот на туристичкиот град Сиде, изјави рускиот конзул во Анталија Александар Толстоптенко.
Возачот на автобусот, во кои патувале странски туристи, изгубил контрола над возилото, излетал од патот и се превретел, а повредените се пренесени во болница во Сиде.
Причините за несреќата се уште не се познати.
04.05.2014 - 19:57
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа