"Дај пари или нема да може да излезеш на улица" - кој и се заканува на Сека?
Познатата српска пејачка Сека Алексиќ си ги пријавила своите роднини во полиција, бидејќи се обиделе да изнудат пари од неа.
Пејачката деновиве се соочува со големи семејни проблеми, откако таа и нејзината мајка веќе некое време добиваат пораки со заканувачка содржина од своите роднини од Босна, бидејќи сакаат од неа да извлечат пари. Сека, како што тврди извор за српскиот Курир, е во шок и се обидува да ја реши ситуацијата. И пишуваат дека ако не им даде пари, нема да може да излезе на улица.
- Роднините имаат проблеми и Сека неколку пати им помогна праќајќи им пари, но откако видоа дека добро заработува, почнаа да и се закануваат, вели изворот.
Сека целиот случај го пријавила во полиција.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа