Скопјани си се возеле во Џипот со оружје - еве ги деталите

На местото „Св.Богородица“ полициски службеници извршиле контрола во возило „Џип Чироки“ со скопски регистарски ознаки сопственост на 35-годишниот А.А. од Скопје, при што во фиоката во возилото е пронајден пиштол марка „Танфоглио“ кал.9 мм и две празни рамки, за кое лицето не носело  дозвола.

Освен кај возачот, и кај совозачот Д.К. е пронајденима пиштол марка „Глок“ кал.9 мм и една празна рамка.

Лицата се приведени во полициската станица Чаир за понатамошна постапка, а по целосно документирање на случајот ќе биде поднесена соодветна пријава.

04.05.2014 - 13:00

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега