Маратон за подигање на јавната свест за белодробната хипертензија

 

Со почесен маратон и културно-забавна програма денеска во Гевгелија ќе биде одбележан 5 Мај - Денот на пулмоналната (белодробна) хипертензија.

Целта е подигнување на јавната свест за болеста преку нејзино рано дијагностицирање, третман и лечење.

Маратонот, долг четири километри, го организира здружението АПХ Момент плус - Македонија кое прв пат се вклучува во одбележување на Денот на пулмоналната хипертензија.

Пулмоналната хипертензија (ПХ) е тешко заболување што манифестира тешкотии при дишењето. Може да предизвика серија други заболувања, белодробни или срцеви, згрутчување на крвта,... Во некои случаи е наследна, а може да предизвика и смрт. Се појавува во разни форми од кои некои се ретки.

Според АПХ, многу е важно луѓето со ПХ да добијат точна дијагноза и прстап до потребните терапии. Затоа е неопходно  да се дејствува веднаш, да се воспостават центри за дијагностика, третман и справување со болеста.

Денот на пулмоналната хипертензија годинава се одбележува под мотото „Остани без здив за ПХ“. 

04.05.2014 - 10:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега