Во Берово наскоро ќе никне Дом за стари лица

Административната зграда на градежното претпријатие „Пелагонија“ во Берово наскоро ќе биде преадаптирана во Дом за стари лица.   

Се адаптираат десетина простории, а вкупната инвестиција изнесува  140 илјади евра, од кои 80 отсто се донација од хуманитарната организација „Холандија - Македонија“, а 20 отсто  се обезбедени од буџетот на општината.

Почетниот капацитет за сместување ќе биде 15 лица кои ќе престојуваат во една еднокреветна и седум двокреветни соби, а ќе се овозможи престој на самци, но и на брачни двојки.

- Во согласност со одредбите на договорот што општина Берово го потпиша со донаторот, во почетокот менаџирањето со Домот за стари лица ќе го водат кадри од локалната самоуправа, изјави градоначалникот Драги Наџински. 

04.05.2014 - 10:16
Фото: 
Евести

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега