Радичевиќ: Игравме и против судиите

Крилото на Вардар Јованка Радичевиќ му честиташе на Будуќност за победата но имаше замерки на судењето на судиската двојка од Норвешка.
 
„Се беше според очекувањата, исклучително тежок натпревар и честитам на Будуќност на денешната победа и пласманот во финалето и им посакувам многу среќа во утрешниот натпревар. Игравме колку што можевме, но денеска игравме и против Будуќност, но и против судиите" , изјави Јованка Радичевиќ.
 
Бегоња Фернандез е задоволна од настапот во второто полувреме, но за жал тоа не беше доволно за конечен триумф.
 
"Будуќност играше цврсто во одбраната, а ние тешко наоѓавме решение. По лошото прво полувреме во продолжението игравме одлично и бевме во позиција дури и да победиме. Мораме бргу да се опоравиме од поразот бидејќи не чека дуелот за третото место", истакна репрезентативкатана Шпанија.
03.05.2014 - 21:32

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега