ВИДЕО: Војна низ улиците на Краматорск!

Во источниот украински град Краматорск, во Доњецката област, каде единиците на украинската армија спроведуваат специјална операција, се водат улични борби, соопшти дописникот на телевизискиот канал „Россија 24“, цитиран од ИТАР-ТАСС.

Според непотврдени информации, во борбите  има жртви.

Според дописникот на руската телевизија, луѓе во униформи, без препознатливи знаци, „стрелаат без предупредување врз секоја движечка цел“.

Министерството за внатрешни работи на Украина соопшти дека украинските сили  успеаеле под своја контрола да го земат телевизискиот центаър во Краматорск.

Министерството, цитирано од ИТАР-ТАСС, информира, исто така, дека зградата на градската управа на Службата за безбедност на Украина премина под контрола на Националната гарда.

Локалната телевизија прикажа снимки како оклопни транспортери минуваат низ градот.

03.05.2014 - 21:11

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега