Зоран Заев му помага на Самарас со бојкотот на Собранието

 

 

Социјалдемократскиот сојуз на Македонија и лидерот на партијата Зоран Заев си бојкотот на Собранието и одлуката за вонпарламентарно дејствување директно им помагаат на Грција и Андонис Самарас, смета експертската јавност.

Одлуката на раководството на СДСМ за вонинституцинално дејствување  покрај на опозицијата ќе и’ нанесат штета и на самата држава, а аналитичарите се согласни дека ваквиот чекор единствено ќе и биде од корист на Грција.

Уредникот на весникот „Дневник“,  Дарко Јаневски смета дека опозицијата фингира криза која би завршила со закана или со одземање на кандидатскиот статус на РМ за членство во ЕУ.

- За пораките со закани, кои стигнуваат безмалку секој ден, муабет да не правиме, кои на своја страна ги имаа и јавната администрација и пензионерите и ги загубија. Им останаа само неколку души од Сојузот на борците, кои ги имаа кај себе, и Ромите и им дадоа шут-карта. Сега се тепаат со Амди Бајрам кого на времето го кандидираа во Центар. За на крајот да останат само со Папуљас, Самарас, Венизелос и УСАИД. И на очигледната желба, наспроти реалноста, да фингираат криза која би завршила со закана или со одземање на кандидатскиот статус на РМ за членство во ЕУ. Мислат дека кога тоа ќе го добијат, ќе можат конечно да победат. И дека потоа ќе се договорат со Грција и ќе влезат во НАТО и во ЕУ без да го прашаат пазарџијата кому, се надеваат, ќе можат пак да му го измијат мозокот, пишува Јаневски.

СДСМ ќе стане како ПАСОК

Ескпертите уште по одржувањето на првиот круг предупредуваа дека СДСМ и Зоран ги очекува целосно фијаско на избоите, дека партијата која што ќе ја го обеди ВМРО-ДПМНЕ се уште не е ниту формирана, а СДСМ ја очекува судбината на грчки ПАСОК.

-Јас мислам дека на СДСМ можеби ќе му се случи судбината на ПАСОК. Партијата која ќе ја победи оваа политика на ВМРО-ДПМНЕ се уште не е ни  формирана, изјави пред одржувањето на вториот круг Сашо Ордановски, кој важи за отворен поддржувач на политиките на СДСМ.

Меѓу оние кои испратија жестоки критики кон раководството на СДСМ беше и Александар Чомовски, кој праша за каква храброст зборуваат во СДСМ ако не можат да се соочат со граѓаните и да влезат во избирачкото тело, да го мотивираат.

-Оваа дефиниција на системска кражба на гласови е континуитет на СДСМ и додека не излезат од таа матрица дека се некој друг им е виновен не можат да се свртат кон сопствените грешки, кон пронаоѓање на модел во кој ќе се справат со таканаречениот режим. Ако мислеа дека со раздвоена кампања што можеше да изгледа на прв поглед добра, ако мислеа дека само со понуда „граѓанинот пред се“ може да се освои избирачот, тогаш пораката им стигна, вели Чомовски.

Децент Иванка Додовска од Правниот факултет смета дека со последниот чекор на одбивање на пратеничките мандати во македонското Собрание од страна на социјадемократите, дефинитивно е сигурно дека се додека не се случи темелна промена на целата раководна структура во партијата и се додека не го променат начинот на политичко функционирање и јасно дефинирање на националните и на државните приоритети ќе имаме еден дезиорентиран СДСМ кој со ваквата политика сигурно се движи кон политичко маргинализирање и згаснување.

-Тоа остава простор за развивање на нови партиско политички ентитети во левиот политички блок на македонската плурална сцена. Слободно можеме да констатираме дека СДСМ се движи по траекторијата на грчки ПАСОК кој од најголема државна политичка партија во Грција, денес живуркаат како партиско-политички привезок на актуелната десничарска влада, а во левиот блок се помоќна доминира СИРИЗА предводена од Ципрас, како млад лидер. Ако не учат од овие примери, кои им се блиски во надворешно-политичка смисла, социјалдемократскиот сојуз се движи по патот на самоизолацијата и е во длабоко заложништво на поединечните партиски интереси, смета Додовска.

Заев и Шекеринска преку СОРОС заговараат политичка дестабилизација

Бојкотот и уличната демократија која се заговара од луѓе блиски до Социјалдемократскиот сојуз по катастрофалниот пораз на предвремените парламентарни и претседателските избори единствено и’ одговара на Грција, сметаат аналитичарите.

Уште по поразот во првиот круг од претседателските избори знаменосци на ваквата теза дека СДСМ треба да се откаже од демократска трка по гласови и преку бојкот и улична демократија да стигне до власта беа новинарот Бранко Героски и првиот човек на Фондацијата Сорос во Македонија, Владимир Милчин.

Героски и Милчин заедно со Заев и Шекеринска според познавачите се главни заговарачи и потпалувачи на вештачката политичка криза чија цел е политичка дестабилизација на земјата и директно виновни за последиците од ова деструктивно сценарио за кое очигледно врхушката на СДСМ нема поддршка ниту во својата партија, а граѓаните веќе си го кажаа своето.

СДСМ сака власт без народ, со странска интервенција

Домашните аналитичари се согласни дека со бојкотот на Собранието, СДСМ им прави услуга на Грците и дека по којзнае кој пат ја вовлекува земјата во криза, барајќи странска интервенција врз сопствениот народ.

-И којзнае по кој пат врвот на СДСМ поради лични (а можеби и туѓи) интереси ја вовлекува Македонија во криза. Повторно плачат кај странци, бараат интервенција врз сопствениот народ. До кога вака, мои сограѓани-политичари? Секој ваш голем потег беше на штета на нашата држава. Знаме, ФИРОМ, приватизација, Привремена спогодба, учество во рамковен договор, територијална поделба, саботирање референдум, наместен попис и сега, кога сите ги оценија изборите како успешни, со мали технички неправилности, вие правите нов чекор кон демонтирање на Македонија. Ама, нон пасаран! Јас сега сакам да поминат шесте месеци и да се распишат избори за оние 34 пратенички места. Да ги видам и ГРОМ и позитивците во парламент. А можеби и некоја нова ем наша Сириза. Оти доста веќе вие и вашите самопрогласени елитистички интелектуалци гледавте со презир на неистомислениците. Ништо не сработевте како опозиција, што ли ќе правите тогаш со власта? Не сте способни да направите влада во сенка, затоа што вашиот идеал е да сте влада, а сите други да ви бидат во сенка. Затоа бојкотирајте, а ние ќе се надеваме дека вашето непостоење на политичката сцена ќе се пополни со квалитетни, скромни и корисни луѓе што ќе ја сакаат оваа земја повеќе од сопствените амбиции, смета уметникот Александар Русјаков.

Експертите сметаат дека до следните избори, бројот на гласови на СДСМ може да падне и под 200 илјади, односно разликата да се зголеми од сегашни 200.000 на 300.000 гласа, бидејќи народот јасно покажува дека не прифаќа вакво деструктивно однесување, од кое корист имаат само оние кои не и’ мислат добро на Македонија.

Kurir

 

03.05.2014 - 13:37

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега