Сакал да ја спаси сестра си од силување - осумгодишно детенце убиено со цигла

Осумгодишно детенце било брутално убиено со цигла откако се обидело да спречи неговата 12-годишна сестра да биде силувана. Овој грозоморен настан се случил во Вирџинија, додека малото момченце безуспешно се обидувало да ја спаси сестра си од канџите на насилниците.

Семејството на малиот Мартин е скршено од болка. Велат дека бил мирно и добро дете кое не создавало проблеми. Не можат да разберат како некој можел да убие невино дете.

Злосторството се случило во четвртокот навечер додека братот и сетсричката си играле во дворот. Напаѓачот започнал да го силува девојчето, а тогаш братот веднаш притрчал да помогне, но тој земал цигла и го удрил по главата. За жал, момчето починало на местото на настанот.

Полицијата привела тинејџер кој е осомничен за силувањето и убиството.

03.05.2014 - 13:16
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа