Големо невреме во Македонија - еве што не очекува утре
Времето утре во Македонија ќе биде променливо облачно, попладне повторно нестабилно со локален пороен дожд и грмежи. Ќе дува слаб до умерен јужен ветер кој во вечерните часови ќе го промени правецот во северозападен.
Утринската температура ќе се движи од шест до 14, а дневната од 15 со 21 степен.
Во Скопје слично време, променливо облачно, попладне со локален пороен дожд и со грмежи. Утринската температура ќе се спушти до 12, а дневната ќе се искачи до 18 степени.
Во понеделник се уште ќе има зголемена облачност и ќе дува умерен до засилен северозападен ветер што ќе услови намалување на дневната температура. Потоа, следуваат неколку денови на постабилно, посончево и потопло време.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа