Екс-Ју: Само Македонија има европски стадион!!!

Медиумите во Србија денеска го пренесуваат разочарувањето што ФС на Србија не успеа да ги обезбеди потребните гаранции кои УЕФА ги бараше од кандидатите за ко-организатори на ЕП 2020г. 

Основниот проблем е што Србија нема соодветен стадион и тешко дека ќе го изгради за 5 години. 
Покрај Србија поради немање соодветни стадиони не се пријавија ниту Хрватска, Словенија, БиХ и Црна Гора. 
Единствено Македонија се пријави за организатор на ЕП во 2020г бидејќи располага со прекрасен стадион Филип Втори, констатираат медиумите кај нашиот северен сосед. 
Во игра за организација на ЕП во 2020г покрај Скопје се уште 18 града меѓу кои од Балканот се Софија и Букурешт. 
Од ФС на Србија најавија дека национален стадион ќе мора да се гради бидејќи е неопходен за репрезентативни настапи но и за настапи на клубовите на меѓународната сцена. Од таму најавија дека во брзо време ќе изнесат свој предлог. 
И додека се очекува одлуката на УЕФА познато е дека завршните три средби , полуфиналните и финалните ќе се играат на Вембли и Алијанц арената. 
Останува да се надеваме дека и Филип Втори ќе биде домаќин на некој натпревар. 
03.05.2014 - 12:56

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега