Сексапилната српска пејачка се отвори: Никогаш нема да се мажам!

 

Радмила Манојловиќ која се смета за една од најубавите пејачки во Србија и секогаш привлекува машки воздишки, изјави дека иако е заљубена, никогаш нема да се омажи.

- Се сметам за феминистка, а не принцеза која само треба да биде убава и да се омажи. Никогаш не би можела дома да седам бескорисно, а партнерот да ме финансира. Замислете од дечкото да треба да барам пари за гардероба или патувања, вели Рада.

Таа вели дека иако е заљубена, во врска е само шест месеци и не би се мажела.

03.05.2014 - 11:47

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега