Истекува рокот за аплицирање за уверение за сметководител

 

Министерството за финансии известува дека истекува крајниот рок за аплицирање за уверение за сметководител.

Апликациите можат да се поднесат до писарницата на Министерството за финансии ( во зградата на НИП Нова Македонија) или да се испратат на адреса: Министерство за финансии, ул. Даме Груев бр.14, 1000 Скопје. Потребната документација, согласно видот на лиценцата, е објавена на веб страната на Министерството за финансииwww.finance.gov.mk.

Инаку, привремено уверение за сметководител се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 3 години, или вишо образование и работно искуство од 2 години, или пак високо образование и 1 година работно искуство.Привремено уверение за овластен сметководител, се издава на лице кое има најмалку средно образование и работно искуство од 10 години, вишо образование и работно искуство од 8 години, или високо образование и 3 години работно искуство.

Министерството за финансии до сега има здадено преку 10 илјади уверенија за сметководители.

03.05.2014 - 11:14
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега