Откриена причината поради што загина водителката Пичис Гелдоф
Додека се грижеше за 11- месечниот син таа беше пронајдена мртва во својот дом.
Водителката Пичис Гелдоф, ќерката на славниот музичар Боб Гелдоф, починала од предозираност со хероин.Тоа го потврдиле токсиколошките наоди.
Од предозираност со хероин во 2000 година почина и нејзината мајка Пола Јејтс. По неа Пичиз многу страдала. Неодамна на „твитер” објави фотографија со мајка си под која напиша: Јас и мајка ми.
Пичис беше мајка на двата сина.
Информациите за смртта на ќерката на Боб Гелдоф ја потресе британската јавност, а деталите за неа ги објави “Тајмс”.
03.05.2014 - 10:54
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа