Подгответе се: По свежата пролет следи најтоплото лето во историјата

 

Невидени жештини за летото што претстои најавуваат германските климатолози, особено за земјите од Европа и Азија. Нивните претпоставки велат едка 2014 ќе биде најтопла во климатолошката историја. Се очекува многу суво време со исклучително високи температури.

Прогнозите се базираат врз основа на проучувањето на феноменот Ел Њино кој создава реакција на флуктација на движењето на ветриштата и високите температури на водите во тропскиот дел на Тихиот Океан. Научниците веќе направиле потполно нов модел на Ел Нињо и утврдиле дека започнал да се формира минатиот септември што значи дека постојат над 75% шанси дека ќе се појави токму ова лето. Сепак, и други истражувања покажуваат дека и без Ел Нињо, оваа година ќе биде најжешка досега.

02.05.2014 - 19:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега