(ФОТО) Живи закопани: Одрон проголта цело село, исчезнаа 2000 луѓе

 

Најмалку 500 лица се сметаат за загинати во големо лизгање на земјиштето во северозападниот дел на Авганистан.

Несреќатa се случила во авганистанската провинција Бадагшан. Причина за лизгање не земјиштето се поројните дождови.

Уништени се околу 350  до 400 куќи во округот Арго, изјави заменикот гувернер на провинцијата Мохамад Бајдар. Според некои локални медиуми, како што јави ИТАР-ТАСС, исчезанти се околу 2.500 лица, кои можеби се затрупани под земјиштето.

Провинцијата Бадахшан е сиромашна и се наоѓа во планински регион. Таа се граничи со Таџикистан, Кина и Пакистан.

Спасувачките операции и потрагата по исчезнатите продолжуваат.

02.05.2014 - 19:12

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега