ВИДЕО: Владата веднаш ќе го санира опасното свлечиште во Кратово

 

Обилните врнежи кои изминатиот период ја зафатија Македонија, и делот на самиот влез на Кратово, беше причина за активирање на старото свлечиште на самиот влез на Кратово кое се заканува да ги затрупа куќите кои се наооѓаат под него, пренесува весникот Аберџија. Создадената пукнатина на едната коловозна лента, на регионалниот пат Кратово-Пробиштип, долга педесетина метри и широка триесетина сантиметри, е опасна за животот на сите кои што минуваат со своите возила по овој предел. 

Веднаш на терен излегоа градоначалникот на Кратово, Мите Андоновски, пратеникот Марјанчо Колевски и директорот на ЈП за државни патишта, Љупчо Ѓорѓиевски. 

За новонастанатата ситуација денес расправала и Владата, која веднаш го задолжила ЈП за државни патишта да започне постапка за итна санација.
-Согласно законот за јавни набавки, а во соработка со Градежниот факултет, ќе се изготви техничко решение со кое трајно ќе се истретира свлечиштето, односно ќе се намали неговото работење. Веднаш очекувам, некаде за десеттина-петнаесет дена да имаме градежна интервенција на свлечиштето – истакна Љупчо Ѓорѓиевски, директор на ЈП за државни патишта.
Во текот на денешниот ден патот  беше затворен за движење на тешки моторни возила и автобуси, а сообраќајот на патнички моторни возила се одвиваше наизменично. Во поладневните часови се очекува да пристигне градежната оператива на „Македонија пат“ и да започне санацијата на патот.
-Покрај трајните мерки, договорено е да се преземат превентивни мерки за проширување на патот од десната страна за да може непречено да се одвива сообраќајот. Другите мерки за кратко време ќе бидат дефинирани со проектно решение и со соодветни истражни постапки и како такво ќе се примени во најскоро можно време – изјави Милорад Јовановски, декан на Градежен факултет.
По најавеното тампонирање на новата коловозна лента, за неколку дена се очекува нормализирање на сообраќајот на патниот правец Кратово – Пробиштип.  

Извор - ФОТО - ВИДЕО: Весник Аберџија

02.05.2014 - 18:24

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега