Првиот Македонец кој го има истрчано познатиот „iWelt“ маратон во Вирцбург/Германија
Огнен Саракинов е првиот Македонец кој го има истрчано традиционалниот маратон од 42км во Вирзбург Германија. Тој не е професионален маратонец, тој не е професионален спортист. Тој е обичен студент на магистерски студии. Пред точно една година, тој се има одлучено да влезе во светот на трчањето како почетник, со преку 105кг тежина на 1.85метри висина. Тоа не се баш идеални предиспозиции.
Имаше една цел, да истрча успешно еден цел маратон. Не тој ден, не еден ден подоцна, туку својата цел си ја постави на една година. Упорно и дисциплинирано, неуморно со својата цел пред нос, тој редовно се посветуваше на припремите да истрча од 0км до 42км.
„Првите месеци ми беа многу тешки да го најдам ритамот и рутината во трчањето“ вели тој, „но полека, чекор по чекор, километар по километар се навикнав на дисциплинското кондиционо трчање, покрај потешкотиите со мојата астма“
На „iWelt“ маратонот беа пријавени преку 3.700 учесници, а нашиот Огнен заврши меѓу првите 400то испод 4:15ч. „За првиот настап на Огнен тоа е огромен успех,“ се сеќава брат му Дарко. „Кога пред една година заедно почнавме да трчаме, и на само 1км тој остана без ѕдив, неговите зборови беа –ајде ќе видиш ти, наскоро ќе трчам на маратон а ти ќе ме гледаш.“
Огнен Саракинов е инаку основач на СПОРТСКИОТ КЛУБ САРА, кој се залага за зголемување на свеста кај граѓаните од секоја возраст за потребата од учество во масовниот спорт. Добар пример за сите нас, а најубав подарок за него е тој што веќе не го користи спрејот против астмата и изгуби 25кг тежина.
„Јас го потикнувам секој граѓанин да си најде свое хоби со физичка активност. Немора секој да трча маратон, сосема доволно е и само да се пешачи и да се пази на здравата и избалансирана исхрана со помалку маснотии, а повеќе зеленчук и овошје наместо слатки.. Мене многу ми помогна!“ – препорачува тој.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа