Стартуваше со работа канцеларијата за односи со јавноста при Јавното обвинителство

 

Во Јавното обвинителство на Република Македонија од денеска почна да функционира новоформираната канцеларија за односи со јавноста.

Државниот јавен обвинител Марко Зврлевски на прес-конференција изјави дека се надева оти со формирањето на ова оддление ќе се подобри информирањето на ЈО кон јавноста, што е и законска обврска, а ќе се зголеми и транспарентноста на Обвинителството.

- Јавното обвинителство на РМ со задолжително упатство до сите јавни обвинителства има воспоставено обврска за сите настани за кои може да се јави интерес да го информираат Јавното обвинителство на РМ, во кое еден јавен обвинител е задолжен да ги прибира тие информации и заедно со државниот советник за односи со јавност да и ги дистрибуира на медиумите за јавноста да биде благовремено и прецизно информирана, појасни Зврлевски.  

Одговорното лице за односи со јавноста, Елизабета Најденовска информираше за идните чекори во градење заемна комуникација со медиумите, програма за презентација на информациите во јавноста и мерките кои Јавното обвинителство ќе ги преземе во сферата на транспарентното информирање. Таа, меѓу другото, најави редовно ажурирање на веб-страницата на Јавното обвинителство, која ќе биде интерактивна, и информира за Нацрт-стратегија за односи со јавноста која е подготвена со финансиска поддршка на ОБСЕ и на Јавното обвинителство на Хрватска, а за која очекуваат забелешки кои подоцна би се внеле во документот.

 

02.05.2014 - 14:43
Фото: 
Влада

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега