Присилувале 11-годишни девојчиња на проституција за да имаат пари за дрога!
Британка е обвинета дека принудувала 11-годишни девојчиња да се проституира. Оваа хорор приказна која го потресе светот привлече големо медиумско внимание. Се работи за 23-годишната Аманда Спенсер која имала група малолетни девојчиња, меѓу кои и две 11-годишни девојчиња, кои ги принудувала да пружаат секс услуги за да има пари да си купи дрога.
Девојчињата биле присилени да имаат секс со непознати мажи во станови и тоалети во ресторани. Овој хорор се случувал од 2006 до 2011.
Секое од девојчињата морало да лаже за возраста, а парите веднаш и ги давале на Британката која ги трошела за дрога.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа