Се што имавме кажавме: ЕУ не сака да ја коментира одлуката на СДСМ
Европската унија засега нема да зазема официјален став во однос на ставот на опозициската СДСМ да ги врати 34-те пратенички мандати што во неделата ги освои на предвремените парламентарни избори во Република Македонија, јавува дописникот на МИА од Брисел.
Петер Стано, протапрол на еврокомесарот за проширување Штефан Филе, денеска одби да ја коментира одлуката на Централниот одбро на социјал-демократите, повторувајќи дека се што официјален Брисел имал да каже е соопштено во заедничкото соопштение на амбасадите на ЕУ и САД во Скопје од пред неколку дена, како и во завчерашната изјава на Филе за МИА.
- Ние коментиравме по изборите, во заедничката изјава на амбасадите на ЕУ и САД. Исто така, имавте можност да слушнете што комесарот Филе кажа пред два дена за истата ситуација. Засега, тоа е стојалиштето на кое опстојува Еворпската комисија, истакна портпаролот Стано.
Еврокомесарот за проширување во изјава за МИА во средата побара инклузивност од сите политички актери во Македонија, со цел напредок на државата во евроинтегративните процеси.
- За несреќа, ситуацијата е комплицирана. Знаете дека оценката на ОБСЕ/ОДИХР е многу севкупна за претходните избори и за несреќа, властите и другите засегнати страни во земјата не посветија доволно внимание да се избегнат сегашните консеквенци од не решавањето на тие прашања. Во исто време, многу се надевам дека за доброто на приближувањето на земјата кон Европската унија ќе биде обезбеден инклузивен процес за да се решат овие прашања и следниот пат да не се соочуваме повторно со нив, истакна Филе за МИА пред два дена.
Генерален став на Еворпската унија е дека сите политички недоразбирања и судири во земјите-членки, кандидати за членство и потенцијалните кандидати и аспиранти, треба да се решаваат во рамки на официјалните иснтитуции на земјата, како што пред се е парламентот. Всушност, ланскиот бојкот на македонскиот законодавен дом од страна на СДСМ, официјален Брисел исто така не го поддржа и со интервенција на комесарот Филе и европратениците Ричард Ховит и Јержи Бузек, пратениците на најголемата опозициска партија во Македонија, со договорот од 1 март 2013 година беа вратени во Собранието и во нормалните политички процеси на земјата.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа