Големи шанси за влез на ДПА во новата владина коалиција

 

Употребата на албанскиот јазик, барањето за промена на Уставот во делот на изборот на Претседател на Македонија и една од трите највисоки функции во државата најверојатно ќе бидат клучните услови на ДУИ за влез во новата Влада на Груевски, анализира Дневник повикуваќи се на високи партиски извори. Како што пишува весникот, Абулаќим Адеми,  Муса Џафери, Бујар Османи, Фатмир Бесими, Блерим Беџети, Изет Меџити, Аднан Јашари и Артан Груби ќе бидат во тимот кој ќе ги води преговорите за состав на новата влада со ВМРО-ДПМНЕ. Од најголемата македонска партија која во преговорите влегува со капитал од 61 пратеник за Дневник брифираат дека позициите кои ги поставува ДУИ ќе биде многу тешко да се договори заедничко дејствување со што се отвора голема можност, прострот за албански партнер во Владата да му се понуди на Тачи.
“Според ВМРО-ДПМНЕ, нивна голема забелешка до интегративците е и тоа што повикуваа на бојкот и се залагаа да пропаднат претседателските избори, а некои од нив гласале за кандидатот на СДСМ, Стево Пендаровски.
Ситуацијата дополнително е нејасна ако од една страна се има предвид ставот на Тачи дека ДПА ќе застане зад владата на Груевски, без оглед дали ќе биде дел од неа. И дека добил уверување дека ќе се инвестира и во реоните во кои доминантно живеат Албанци. Од ДПА нема објаснување што значи ова, а од друга страна, на брифингот на ВМРО-ДПМНЕ велат дека многу им значи поддршката од ДПА за Иванов и дека нема да им го заборават тоа.“ - пишува Дневник.

Интегративците имаат јасен став дека нема да седат во заедничка Влада со Тачи. Од Мала Речица стојат цврсто на своите барања па оттука, не се исклучува можноста токму ДПА да биде новиот коалиционен партнер во Владата.
ВМРО-ДПМНЕ освои 61 пратеник, ДУИ има 19, ДПА 7, а по еден пратеник имаат ГРОМ и НДП. Опозициската СДСМ резервираше место за 34 пратеници, но партијата реши да не ги прифати мандатите. 

02.05.2014 - 10:05

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега