Првите туристи од Холандија и Белигија слетаа во Охрид
Со чартер-лет од Амстердам на холандскиот тур-оператор „Корендон“ денеска на охридскиот аеродром „Св. Апостол Павле“ треба да пристигне првата група туристи од Бенелукс, со што практично започнува летната туристичка сезона на Охридско-струшката ривиера.
Станува збор за туристи што имаат закупено аранжмани на „Корендон“ со нивниот македонски партнер „Фибула Ер-травел“, додека вториот чартер со туристи од Бенелукс е закажан за 8 мај, кога доаѓа првата група туристи од Холандија, Белгија и Луксембург кои ќе престојуваат во Охрид и Струга преку аранжманите на тур-операторот „ТУИ Аркетравел“.
Како што појасни Дончо Танески од ХОТАМ, последниот лет за враќање назад на туристите од Бенелукс што ќе летуваат тука е предвиден за 2 октомври, што значи активно присуство на туристи од тој дел на Европа на Охридско-струшката ривиера во период од околу 160 дена.
- Тоа значи дека во периодот што следува во Охрид и Струга седмично ќе престојуваат околу 900 гости од Бенелукс, сместени во 15-тина хотели, а дел од нив во 20-тина приватни апартмани, истакна Танески.
Претседателот на ХОТАМ нагласи дека продажбата на аранжманите за летување во Македонија е подобра од минатата година, кога беше реализирана околу 70 процентна искористеност на закупените капацитети.
- Оваа година очекуваме таа бројка да биде над 80 проценти, што е резултат на поагресивната кампања на двете компании, со благовремено отпочната продажба на аранжманите на „Корендон“ и „ТУИ“, истакна Танески.
Првата потврда на зголемената продажба на аранжманите за летување во Македонија беа последните денови од големиот туристички саем во Утрехт, одржан во јануари годинава, што подоцна е потврдено и со зголемениот број резервации во сместувачките капацитети во Охрид и Струга.
Двете холандски туристички агенции „Корендон“ и ТУИ Аркетравел“ оперираат со сопствени авиони од трета категорија, односно летала со капацитет меѓу 180 и 190 седишта. Предвидено е летово на охридскиот аеродром седмично да слетуваат пет авиони со туристи од Бенелук
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа