Голема трагедија: Четиригодишно детенце го усмрти својот помал брат

 

Две момченца и едно девојченце си играле сами во соба, додека во другата просторија седеле нивниот татко и чичко. Не ни можеле да замислат дека ќе се случи ужасна трагедија која ќе го потресе цело семејство.

Полицијата во Вичита во Канзас соопштила дека 19-месечниот Тимарион Блекнел починал од истрел од огнено оружје, откако на него случајно пукал неговиот постар брат. Трагедијата се случила во вторникот во една од собите каде си играле трите дечиња, при што едното од момченцата, кое има четири години, отворило фиока во која имало пиштол и во игра го усмртило 19-месечното детенце.

Таткото и чичкото брзо интервенирале и го однеле детето во болница, но за жал малото момченце по име Томарион и подлегнало на повредата.

02.05.2014 - 09:20
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега