ДИК ќе му го врачи уверението за нов претседателски мандат на Иванов
Претседателот на Државната изборна комисија, Никола Рилкоски, денеска ќе му го врачи уверението на Ѓорге Иванов, кој на 27 април граѓаните по втор пат го избраа за претседател на Република Македонија.
Според конечните резултати кои ги објави ДИК, на гласањето на вториот круг од претседателските избори што се одржа во неделата на 27 април, Иванов го поддржаа 534.910 избирачи, додека неговиот противкандидат од СДСМ и коалицијата, Стево Пендаровски, освои 398.077 гласови.
На вториот круг од претседателските избори гласале 967.694 избирачи односно 54,38 отсто од вкупно 1.779.572 запишани во Избирачкиот список.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа