ВИДЕО/ФОТО: Погледнете како оваа мајка успеа да си ги спаси децата од терористи!

 

За врме на еден терористички напад во трговски центар минатата година во септемви во Кенија, една мајка на своите деца им рекла да се прават мртви за да не бидат убиени.

Така лежеле пет часа, а таа цело време им пеела за да ги смири и стиши. 

Луѓето умирале околу нив, а оваа жена била во хаос смирувајќи ги двете деца за да не бидат убиени во терористичкиот напад. 

Теророт започнал кога група вооружени лица влегле во шопинг центарот и отвориле оган врз купувачите во Најробију. 

Испаничената мајка, која била со нејзината ќерка и син, ги зграбчила двете деца и ги легнала на под.

Додека лежеле имало моменти кога куршумите паѓале околу нив и го чувствувале мирисот на барут. 

Тајлер Хикс фоторепортерот на Њујорк Тајмс освои Пулицерова награда за покривање на терористичкиот напад во главниот град на Кенија и тој е заслужен за ваквата фотрафија на семејството кое се крие од вооружените луѓе. 

„Семејството беше скаменето. Секаде низ трговскиот лежеа тела, но, тие успеаа да ги избегнат убијците и да ги сочуваат своите животи“, изјавил Хикс. 

01.05.2014 - 11:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега