Гостиварчанец се затрул со пестицид - докторите се борат за неговиот живот

 

Четириест и осумгодишен жител на гостиварско Дебреше се затрул со непозната хемикалија, најверојатно пестицид и се наоѓа во критична состојба.

Се работи за С.И. кој синоќа бил примен во гостиварската болница, во неконтактабилна и коматозна состојба. По пружената помош како итен случај некаде околу 22 часот е префрлен на скопските клиники.

 

Засега не е познато како дошло до труењето, дали станува збор за несреќен случај или за намерно посегнување по живот.

 

01.05.2014 - 11:19

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа