Заев: Џабе ми барате оставка - не си одам
Џабе ми барате оставка. На чело на СДСМ сум помалку од 11 месеци а Конгресот ми даде мандат од 4 години. Атмосферата на Бихаќка се вжештува о точка на вриење. Од момент во момент се поголем број членови на Централниот одбор бараат и Заев и Шеќеринска да си заминат. Обвинувања, високи тонови, нервоза. На лидерскиот двоец му се замерува за носечката улога во рушењето на отпорот на Бранко Црвенковски. Заев и Шеќеринска одбиваат да ја превземат одговорноста.
Сепак, ситацијата во Централниот одбор на СДСМ е таква што Заев може да ја протурка својата одлука за враќање на мндатите и покрај тоа што има големи несогласувања. Уште со превземањето на партијата Заев направи речи си целосен ремонт на Централниот одбор и таму постави свои кадри.
Слична е ситуацијата и со Конгресот на СДСМ, каде Заев има поддршка од мнозинството делегати кои исто така самиот ги постави.
ПОВРЗАНИ ВЕСТИ
Врие на Бихачка: Заев целосно разголен
Долга ноќ на Бихаќка: Оставка на Заев или враќање на мандатите?
ЦО на СДСМ: На големо се бара оставка од Заев
Заев пред ЦО на СДСМ: Моравме да одиме на избори за да докажеме дека сме подобри од ГРОМ
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа