ССК и честита на Владата за успешно спроведените избори

 

Сојузот на стопански комори на Македонија (ССК) и честита на Владата за спроведените, како што наведува, мирни, фер и демократски парламентарни и претседателски избори, на ниво на скандинавските земји.

- Во интерес на непречен развој на економијата, по конституирање на Собранието во законскиот рок, му посакуваме на мандатарот ефикасно и брзо формирање влада која ќе продолжи со успешно спроведување на евроинтегративните процеси и на економските реформи во соработка со бизнис заедницата, наведува ССК.

Сојузот на стопански комори упатува честитки до претседателот Ѓорге Иванов, до ВМРО – ДПМНЕ, како и до сите политички партии за освоените пратенички места. 

30.04.2014 - 15:50

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега