Извршени 14 неонатални кардио-хируршки интервенции на Детска хирургија во Скопје
Вкупно 14 неонатални кардио-хирургишки интервенции се направени на Детска хирургија во Скопје, од страна на неонатални кардиохирурзи од САД.
Ова го истакна министерот за здравство Никола Тодоров по денешната посета на Детска хирургија: - Десет од овие интервенции се операции на отворено срце, четири интервенции биле изведени како интервентна кардиологија, како и една комбинација од интервентна карддиологија и операција на отворено срце, истакна тој.
Тодоров нагласи дека за разлика од претходниот пат кога овие интервенции се работеле заедно со доктори од Клиниката за кардиологија, овој пат во интервенциите биле вклучени докторите од Детската клиника, а оперираните дечиња се во одлична состојба.
Тодоров очекува од оваа година да почанат да доаѓаат и деца од странство во Македонија, за извршување на оваа хируршка интервенција, пред се од соседните земји.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа