Орав: Сите политички партии да се вклучат во реформските процеси
ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата во Македонија одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави денеска евроамбасадорот во Скопје Аиво Орав.
- Вчера имавме заедничка изјава од Делегацијата на ЕУ и на САД. Мислам дека нашиот став е многу јасен во врска со тоа прашање. ЕУ ќе продолжи да ја следи ситуацијата одблиску и најверојатно ќе има и други коментари што ќе следат понатаму, изјави Орав, одговарајќи на новинарско прашање за тоа каков е ставот на Унијата за непризнавањето на изборите од страна на опозициската СДСМ.
Евроамбасадорот рече дека исто така го споделуваат оценката содржана во извештајот за изборите на ОБСЕ/ОДИХР и дека исто така детално го проучуваат.
- Ние ја споделуваме оценката на ОБСЕ/ОДИХР во поглед на ефикасното спроведување на неодамнешните избори. Забелешките што тие ги изразија, слични на оние од 2011 и 2013 година, а кои се однесуваат на пристрасно покривање од страна на медиумите и на непостоење на разграничување на државните од партиските активности, што не овозможува рамноправен терен за натпревар, треба да бидат адресирани, наведоа од Делегацијата на ЕУ и амбасадата на САД во вчерашната заедничката изјава.
Ги повикаа сите лидери на политичките партии конструктивно да се ангажираат во реформите кои ќе го унапредат процесот на евроатлантската интеграција. ЕУ и САД остануваат партнери на замјата во тие напори, се вели во заедничката изјав
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа