Запознајте го највалканиот човек во Европа

 

Запознајте го највалканиот човек во Европа. 58-годишниот Лудвик Должеал, кој пали се што ќе најде за да си направи „постела" од пепел.

- "Пред една година едноставно одлучив да ја напуштам работата. Од тогаш живеам тука покрај огнот. Секоја ноќ ја полнам облеката со топла пепел и се покривам за да ми биде топло", вели Лудвик 

Некогаш, вели, имал се' - јакна, чевли, душек, па дури и јорган - но запалил се' затоа што немал како на друг начин да го одржи пламенот.

- "Луѓето ми помагаат, ми носат стари гуми и јас ги палам. На тој начин преку денот го одржувам огнот, а околу 7 и пол навечер легнувам", додава 58 годишниот човек.

Долежал, кој живее во стара напуштена куќа, наводно боледува од психичко пореметување кое го тера да живее со оган и пепел.

 

 

30.04.2014 - 10:06

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега