Роби Вилијамс по вторпат ќе стане татко
Познатиот пејач Роби Вилијамс на својот Твитер соопшти дека со сопругата ќе добијат второ дете.
„Ајда и јас се пресреќни што можеме да објавиме дека Теодора Роус Вилијамс ќе биде голема сестра“, напиша пресреќниот 40-годишен Роби.
Неговата сопруга Ајда Филд во целост го смени, како што вика тој - на подобро, а прекрасно се снајде и во улогата на татко.
Двојката се венчаше во август 2010 година, а две години подоцна им се роди и првото дете - ќеркичката, на која гордиот татко и ја посвети песната „Go Gentle“.
29.04.2014 - 20:26
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа