Вашингтон: Насилството и грабнувањата во источна Украина се тероризам

 

Американската амбасада во Киев ги оцени како „тероризам“ насилството  врз приврзаниците на идејата за единство на земјата и грабнувањето на набљудувачите на ОБСЕ во источниот дел на Украина.

Во сооопштение на Амбасадата се „осудуваат киднапирањата извршени од сепаратистите, на украински и странски набљудувачи, од кои некои беа жестоко тепани“.

- Тоа е едноставно тероризам, се потенцира во соопштението.

Дипломатската мисија на САД е „згрозена“ и од вчерашното насилство во Доњецк кога проруските активисти ги нападнаа проукраинските демонстранти, а на крајот беа повредени десетици лица.

29.04.2014 - 18:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега