Бесплатен паркинг за новинарите во Центар

 

Јавното претпријатие „Паркинзи на општина Центар“ ги ослободи новинарите од надомест за паркирање на територијата на општината.

Новинарите ќе имаат мобилна паркинг карта со која, заради вршење новинарска дејност и слободен пристап до информации, ќе се паркираат без никаков надомест, соопшти денеска општината Центар.

Новинарската мобилна паркинг карта ќе се издава на секое физичко лице вработено како новинар во конкретен медиум или новинска агенција, под услов да достави потврда за тоа како и потврда дека е член на соодветно новинарско/медиумско здружение или синдикат.

29.04.2014 - 15:22
Фото: 
Дневник

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега