Груевски: СДСМ извртува факти - според ММФ финансискиот систем е стабилен

Денеска премиерот Груевски ја коментираше позитивната оценка која вчера ја дадоа претставниците на Меѓународниот монетарен фонд

- Пред повеќе од една година опозицијата во Македонија извртува факти, кажувајќи дека Македонија е презадолжена земја, дека има вакви или онакви застанувања во економијата. Вчера Мисијата на ММФ го кажа своето мислење. Сумарната оцена која ја дадоа кажува дека Македонија не е високо задолжена земја, дека Македонија влегува во најмалку задолжените земји. Од ММФ рекоа дека проблемот со задоцнетите плаќања е надминат, финансискиот систем е стабилен, изјави денеска премиерот Груевски.

Исто така премиерот Никола Груевски истакна и дека е задоволен од Мисијата и од она што тие го кажаа за Македонија.

најчитано сега