ЕКСКЛУЗИВНО: Медиумите на СДСМ ја открија причината за поразот од 200.000 разлика

 

Во желбата да се оцрни изборниот процес и да се прикаже за нерегуларен, порталите блиски до СДСМ лиферуваа повеќе вести со бомбастични наслови за наводни изборни нерегуларности, а при тоа за доказен материјал посочуваа повеќе фотографии и видеа кои доколку се погледнат прецизно ќе се забележи дека немаат апсолутно никаква врска со изборни нерегуларности и не докажуваат ништо.

evid

Прикажан е човек како се движи нормално по улица во близина на гласачко место, според СДСМ ова е нерегуларност и затоа СДСМ изгубил со над 200 илјади гласови разлика.

Доказниот материјал како што тоа го нарекуваат порталите блиски до СДСМ се всушност банални фотографии на паркирано празно комбе кое не може да се идентификува каде е всушност паркирано, луѓе на клупа кои во рацете држат некаква хартија што според порталите било доволен доказ дека тие евидентирале гласачи, па се отиде до таму да се кажува дека залепени два плакати во близина на некое училиште Росоман биле круцијален дока за нерегуларност.

Па така,  откако се потрошија фотографиите на кои се гледа се, само не изборна нерегуларност, се продолжи со лиферување на вести непоткрепени со никакви пропратни материјали и со скандалозни натписи дека има семејно гласање, контрола на гласачките места, се развезувал гласачки материјал  и слично. Но, доказите никаде ги нема. И токму поради ваквите баналности СДСМ изгубил со над 200 000 гласови.

Во продолжение ви прикажуваме низа материјали што најпрво порталите блиски до СДСМ посочуваа дека се нерегуларност, а потоа истото тоа беше прикажано и од говорницата на СДСМ од страна на Маринела Тушева. Материјалите поради неиздржаноста наидоа на огромен потсмев на социјалните мрежи.

kombe

Прикажано е паркирано празно жолто комбе пред објект за кој точно не се знае ни што всушност преставува. За СДСМ, ЦИВИЛ и Либертас  тоа биле гласачи од Пустец и тоа е причина зошто СДСМ загуби со над 200 000 гласови разлика.

Во друг посебен прилог се обвинува дека aвтомобили развезувале гласачи во Шутo Оризари, а за есенцијален доказ е прикажана  посебна фотографија на која се гледа само како на изнемоштено лице му се помага да излезе од автомобил. Од самата фотографија не може да се заклучи ни дали воопто се работи за локација пред гласачко место, а уште помалку дека се работи за организиран превоз на гласачи.

Можеби врвот на баналноста беше достигнат кога порталот Либертас во желбата да ги прикаже изборите за нерегуларни прикажа две жени како седат на клупа некаде во Кавадарци и тоа за СДСМ и за порталот било доказ дека тие вршеле евиденција врз гласачите.

Наспроти ваквите наслови и желбата на СДСМ по секоја цена да го прикаже изборниот процес за нерегуларен, а позади кој се крие намерата на раководството на СДСМ и пред се Зоран Заев да се одбегне одговорност за огромниот пораз, сите релевантни фактори изразија позитивни оценки за спроведувањето на изборниот процес и за денот на изборите.

ОБСЕ/ОДИХР: Изборните ефикасно спроведени, на професионален начин

Генералнта оценка на ОБСЕ/ОДИХР е дека изборниот ден беше спроведен на непречен и професионален начин, со само некои технички нерегуларности. Избирачките одбори демонстрирале добро познавање на процедурите за гласање, а кандидатите имале можност непречено да ја водат изборната кампања, додека слободите на собирање и здржување биле почитувани.

Специјалниот координатор на набљудувачката мисија на Парламентарното собрание на ОБСЕ, Кристин Мутонен  од Австрија денес во Скопје посочи дека Македонија постигнува напредок во демократијата веќе 10 години.

-Сакам да кажам дека оваа земја оствари значителен  демократски напредок во последниве 10 години, во контекст на постојаната и постапна меѓународна интеграција. Овој процес на демократски реформи, се уште не е завршен и мора да продолжи, истакна Мутонен.

МОСТ: Ефикасни избори без инциденти

Според извештаите и информациите добиени од набљудувачите и од 29-те регионални координатори, прелиминарната оценка на Граѓанската асоцијација МОСТ е дека гласањето на 27-ми април беше спроведено ефикасно и без инциденти, со значително зголемување на случаите на групно и семејно гласање, споредено со првиот круг од претседателските избори. На дел од гласачките места избирачките одбори не ги информираа правилно гласачите за процедурата на гласање, односно за тоа дека може да изберат за кој изборен процес сакаат да гласаат, туку веднаш им издаваа гласачки ливчиња за двата вида избори.

 

 

29.04.2014 - 13:18

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега