СПМ со честитка за 1 Мај
Социјалистичката партија на Македонија денеска испрати честитка по повод 1 Мај - Меѓународниот ден на трудот.
Во честитката се вели дека Меѓународниот ден на трудот отсекогаш претставувал поттик и инспирација за нови работни победи и оти досега е постигнато многу, но останува да се работи уште повеќе на отворање нови работни места.
- Горди сме за она што заеднички сме го постигнале во развојот на демократските вредности и материјалната основа на нашата земја, во духот на определбата на нашата партија. Секогаш со народот, секогаш за народот. Постигнавме многу, но имаме уште долг пат да изодиме кон отворање на нови работни места за нашите нови генерации, кон подобрување на материјалната и социјалната положба на работниците и на целокупниот живот на нашите граѓани, се наведува во честитката.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа