Пилот тврди: Го пронајдов малезискиот авион но не ме слушаат!
Го пронајдов малезискиот авион, сигурен сум дека е тој. Ова го изјавува 60-годишниот искусен пилот Мајк Нобел за исчезнатиот авион од кој нема ниту трага со месеци.
Пилотот од Њујорк за локалната телевизија изјави дека преку Интернет трагал по авионот, на страницата која неодамна беше отворена за помош во потрагата на исчезнатите патници. Тој се шокирал кога забележал летало кое лежи на дното на морето на североистокот на Малезија. Ги споредил димензиите со исчезнатиот авион и сфатил дека се речиси идентични.
- Не можев да дојдам на себе, не можев да верувам, вели пилотот. Откако новинарот го запраша дали би можело да се работи на пример за морско куче, тој одговори: Да, да, само долго 64 метри!
Тој се обидел да го извести Националниот одбор за безбедност на сообраќајот, но не му дале одговор.
За потсетување, во авионот кој исчезна пред неколку месеци имаше 239 патници.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа