Владата на САД со порака: Престанете да користите Internet Explorer

 

Владата на САД често се меша во тоа кој Интернет пребарувач го користат луѓето, а овојпат се фати за Internet explorer. Microsoft викендов ги откри плановите за поправка на багот кој ги погодува верзиите на Internet Explorer од 9 до 11. Тие верзии учествуваат со удел од 26,25 проценти од пазарот на прелистувачи, пишува софтверската компанија за сајбер безбедност FireEye која го откри багот.

Еден проблем е што корисниците кои се уште имаат оперативен систем XP нема да добијат никакви безбедносни надградби бидејќи Microsoft престана да ја подржува оваа платформа.

Група хакери веќе го искористиле багот во кампањата „Operation Clandestine Fox“.

29.04.2014 - 11:13

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега