ВНИМАВАЈТЕ: Засилени контроли на 1 мај - ќе "летаат" казни за несовесни граѓани

 

Граѓаните кои планираат претстојниот празник 1 Мај да го поминат во природа, особено на Водно, Гази Баба, Сарај, Езеро Треска, Матка и други излетнички места, да не палат оган и да не фрлаат отпад, апелираат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“.

Како што соопштија, нивни екипи ќе вршат контрола на јавните површини.

- Потсетуваме дека казната за палење оган на јавна површина е 200 евра, а за фрлање и оставање отпад 50 евра, предупредуваат Град Скопје и ЈП „Паркови и зеленило“. 

29.04.2014 - 10:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега