Родителите шокирани - еве што слушнале во собата на нивното бебенце
Родителите на десетмесечно девојче останале шокирани кога слушнале гласови во собата каде бебето спиело само. Се работи за пар од Америка, кој ја пренесе својата хорор приказна.
Мајката преку камера која била сместена во детската соба, слушнала глас на постар маж. Ја земала камерата во рацете и видела дека мониторот се помрднува.
- Кога камерата почна да се мрда, слушнав глас. Одеднаш слушнав како некој буквално вришти над моето дете, вели мајката.
Таа додава дека слушала само Бебе разбуди се! Откако таткото на бебето слушнал што се случува, веднаш отрчал во собата, но тогаш сфатиле дека нема никој и дека се работи само за хакер.
Експертите предупредуваат дека овие камери се многу лесен плен на хакерите.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа