Што напишаа свестките медиуми за изборите во Македонија
Известувајќи за двојната победа на владејачката партија, светските медиуми ја пренесуваат веста за вчерашното гласање . Десницата останува на власт, пренесуваат влијателните Ројтерс, Вашингтон пост, Еј Би Си њус.
"Со повеќе од 63 проценти од преброените гласови, ВМРО-ДПМНЕ е водечки со 43 проценти, во споредба со 24 отсто за главната опозициска партија, централно-левичарската СДСМ, велат Државната изборна комисија ", јави уште вчера додека траеше пребројувањето Ројтерс, еден од најугледните светски медиуми.
Владејачката партија на Никола Груевски ја освои својата четвртта победа во низа на општи избори, големата опозициска партија одбива да го признае резултатот, стои во воведниот дел на реномираната ЕЈ Би Си њуз. Цитирајќи го претседателот на ВМРО-ДПМНЕ Никола Груевски, медиумот ја пренесува атмосферата од вчерашното гласање и напиша :
-Македонија имаше мирни, фер и слободни избори. Македонија е најголем победник . Можеме да бидеме горди, изјави Груевски толпата се собраа пред седиштето на неговата партија.
Ставајќи ја во кошот на Топ стории, Дојче веле јавува : Десницата ја потврдува својата моќ на двојните избори. Медиумот предупредува дека прашањето со името ќе остане голем предизвик за новата Влада.
Објавувајќи фотографии од славеничката атмосфера на плоштад Македонија за двојната победа на власта јавува и еден од најчитаните светски медиуми, Вашингтон пост.
Веста за убедливата победа на актуелната власт ја пренесоа и речиси сите регионални медиуми, а големо значење на изборниот процес му дадоа и грчките медиуми.
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа