Заев и Шеќеринска во мртва трка

Мртва трка меѓу заменик претседателот на СДСМ Радмила Шекеринска и лидерот на партијата Зоран Заев.

Според последните информации од Државната изборна комисија, од обработени 99,91 отсто од гласовите, ВМРО-ДПМНЕ има освоено 480.588 гласа, додека СДСМ 283.869, што значи 196.719 гласа разлика, со што овој пораз на Заев ќе остане запамтен како еден од најубедливите на македонската политичка сцена.

Во споредба со последните парламентарни избори одржани во 2011 година кога лидер на партијата беше Бранко Црвенковски, СДСМ сега освои речиси 100.000 гласови помалку.

28.04.2014 - 10:54

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега