Петто извлекување на „Фискална во рака - награда без мака"

На МТВ вечерва гледајте го петтото извлекување од наградната игра ФИСКАЛНА ВО РАКА – НАГРАДА БЕЗ МАКА. Се извлекува еден автомобил Пежо 208, 30 вредносни ваучери од 3.000 до 60.000 денари и 120 вредносни ваучери за прехранбени продукти во вредност од по 1000 денари.

Во извлекувањето учествуваат сите коверти испратени за 5то коло со сметки кои се валидни од најран датум 15.11. 2013та година. Неизвлечените коверти од ова коло како и од второто, третото, а понатаму и од петтото и шестото, се чуваат од страна на Државна лотарија на Македонија како организатор на наградната игра и ќе учествуваат во 7мото коло за извлекување на стан и деловен простор.

Само за потсетување, за учество во наградната игра треба да се испратат 20 фискални сметки со најран датум од 15.11. 2013та, во стандарден бел коверт во кој покрај фискалните сметки треба да има посебен лист на кој ќе бидат наведени податоците на испраќачот: име, презиме, адреса и контакт телефон. Ковертот кој независно дали ќе се остави во кутија на некој пунктовите, или ќе се прати по пошта мора да биде адресиран и на него не треба да биде напишано ништо друго освен адресата на организаторот и намената – за наградна игра:

 

28.04.2014 - 10:20
Фото: 
Денешен

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега