Атина со поддршка за Албанија во јуни да стане кандидат за членство во ЕУ

Една од целите на грчкото претседавање со ЕУ е Албанија да добие статус на земја-кандидат за членство на Самитот на Унијата во јуни, изјави претседателот на грчкиот Парламент Евангелос Мејмаракис, кој се наоѓа во официјална посета на Тирана.

- Грција во пракса ја покажа својата заложба за интеграција на Балканот во ЕУ и НАТО и ќе работи на стабилноста, безбедноста и развојот на регионот во интерес на неговите граѓани, нагласи синоќа Мејмеракис по средбата со неговиот албански колега Илир Мета.

Мета, пак од своја страна, нагласи дека Албанија и Грција траба да играат клучна улога во стабилноста и безбедноста на балканскиот регион, потенцирајќи ја при тоа и потребата од понатамошна соработка меѓу двете земји во сферата на енергетската безбедност.

- Албанија и Грција се поврзани од еден исклучителен мост на пријателство и соработка, истакна Мета, додавајќи дека доказ за тоа се грчкото малцинство во Албанија и албанската заедница во Грција.

28.04.2014 - 09:23

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега