Јакимовски: Изборите фер и демократски - честитки до ВМРО-ДПМНЕ

Претседателот на Граѓанска опција за Македонија и лидер на коалицијата ГРОМ, Стевчо Јакимовски, вечерва, 27 април 2014 година, во централниот изборен штаб на партијата одржа конференција за печат по повод првичните резултати од предвремените парламентарни избори.

- Сакам да им се заблагодарам на сите граѓани кои денеска го дадоа гласот за Граѓанската опција за Македонија. Дефинитивно, таа е третата најголема опција во македонскиот политички блок во земјава. Сакам, исто така, да подвлечам дека денеска присуствувавме на едни фер, демократски и достоинствени избори и, искрен да бидам, од ниту една општинска организација, односно од ниту еден изборен штаб немаме поплака на денешниот изборен процес. Сакам, покрај тоа, да им го честитам водството на ВМРО-ДПМНЕ. Според досега обработените податоци, односно нешто помалку од 30 проценти, Граѓанската опција за Македонија се бори за пратеник во изборните единици 1, 2 и 4. Во овие изборни единици, не само што е задржан бројот на гласови од првиот круг на претседателските избори, туку некаде е и драстично зголемен. Според тоа, за околу два часа ќе знаеме дали по овие избори ГРОМ ќе има три пратеника во новиот парламентарен состав на Република Македонија, изјави Стевчо Јакимовски, лидерот на Граѓанска опција за Македонија на конференцијата за печат. 

27.04.2014 - 22:42

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега