Ѓорчев: Груевски останува премиер Иванов претседател - Македонија е во сигурни раце!

Влатко Ѓорчев за двојните избори во Македонија истакна дека татковината е во сигурни раце, Никола Груевски останува премиер на Македонија. Ѓорѓе Иванов останува претседател на Република Македонија! 

- Ние од ВМРо-ДПМНЕ и Коалицијата за подобра Македонија ќе ја почитуваме волјата на граѓаните итоа е најважно. Овие неклку недели граѓаните го дадоа својот одговор. Концепт на проекти, изградба на автопатишта, плати и пензии...наспроти сосема поинаквиот концепт на опозицијата, вели тој.

Ѓорчев додава дека граѓаните од сите општини го дале одговорот. Го истакна и убедливиот резултат во Австралија, каде 4 проценти беа за СДСМ, а 91 процент за Ѓорѓе Иванов. Во Европа ВМРО-ДПМНЕ имаше 53 проценти, поради што Ѓорчев и се заблагодари на Европа. Во Северна Америка 5 проценти за СДСМ, 26 за ДУИ и 65 проценти за ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата. Се заблагодари и на целата Коалиција, сите 24 партии, истакнувајќи дека победата е заедничка. Тој се заблагодари на Србите, Турците, Албанците...на сите Македонци и сите градови во Македонија за огромната поддршка.

 

 

27.04.2014 - 21:58

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега