Мрачно и тивко на Бихаќка - од СДСМ ни трага ни глас

Празно е седиштето на СДСМ на „Бихаќка“ во Скопје. 

Откако претседателот на партијата Зоран Заев објави дека СДСМ нема да го признае денешниот изборен процес, членовите на партијата исчезнаа од седиштето на „Бихаќка“. Атмосферата таму е тивка, светлата се изгасени и не може да се забележат “знаци на живот“. 

Според опозициската СДСМ, денешните избори биле проследени со бројни нерегуларности. Затоа, како што рече Заев, партијата ќе побара формирање на техничка влада која би спровела објективни избори. 

 

27.04.2014 - 21:51

Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа

најчитано сега