Македонска Каменица: Иванов 2.865 - Пендаровски 1.631 гласа
Според првичните резултати добиени од Изборниот штаб на ВМРО-ДПМНЕ, во 17-те избирачки места во општина Македонска Каменица кандидатот за претседател на оваа партија и на коалицијата „За подобра Македонија“ Ѓорге Иванов освоил 2.856 гласови,а неговиот противкандидат од СДСМ Стево Пендаровски 1.631 глас.
Листата на пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата во Општина Македонска Каменица освоила 2.703 гласови, листата на СДСМ 1.358, а листата на ВМРО - НП 347 гласа.
Во Избирачкиот список во општината се запишани 6.660 граѓани со право на глас.
27.04.2014 - 21:30
Фото:
либертас
Редакцијата на Press24 не сноси никаква одговорност за коментарите. Бидејќи се генерираат преку Facebook за нив важат правилата и условите на социјалната мрежа